„Нисан“ годинава ја очекува најголемата загуба во својата историја

Од:

„Нисан мотор“ денеска процени дека ќе забележи најголемата годишна деловна загуба во својата историја и дека продажбата на возилата ќе падне за 16 проценти, додавајќи дека пандемијата на коронавирусот ги спречува напорите да се направи пресврт во бизнисот.

Вториот по големина производител на автомобили во Јапонија предвидува дека загубата во работењето ќе достигне 470 милијарди јени (4,5 милијарди американски долари), што е значително над проценката на аналитичарите анкетирани од компанијата „Рефинитив“, кои предвидуваа загуба од 262,8 милијарди јени.

Ова е втора година по ред со негативен финансиски резултат за Нисан.

Компанијата соопшти дека предвидува пад на приходите од 20 проценти, на 7,8 трилиони јени.

Глобалната продажба на возила „Нисан“ падна за 48 проценти, на 643.000 единици, во кварталот кој заврши во јуни, при што продажбата во Северна Америка, главниот пазар на јапонската компанија, е преполовена, додека продажбата во Кина падна за 40 проценти.

Би можело да ве интересира

Русија би можела да остане без банани

А1он

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Војната во Украина ќе предизвика криза со снабдувањето на млеко, предупреди Ковачевски

Орце Костов

Владо Јаневски – бренд амбасадор на NISSAN QASHQAI

Норвешка со 205 милиони евра ќе и помогне на Украина да обезбеди гас за зимата

А1он

Илон Маск: Правете повеќе бебиња за да ја одржиме цивилизацијата

А1он