Русија би можела да остане без банани

Од:

Поради конфликт со државата која ги снабдува со банани, во моментов постои ризик Русија да се соочи со недостаток на ова овошје.

Недостатокот го предвидува Олег Книјазков, кој е шеф на стручниот центар за индустрија во Роселкознадзор – руското надзорно тело за заштита на потрошувачите.

Русите добиле препорака сами да одгледуваат банани, бидејќи Путин забранил увоз од Еквадор, поради конфликт за испорака на оружје.

Еквадор е најголемиот снабдувач на Русија со овошје. Книјазков смета дека тоа ќе биде привремен прекин, но и дека се разгледуваат опции банани да се увезуваат од Индија.

Конфликтот настанал поради тоа што Еквадор ја прифатиле понудата на САД да заменат стара советска артилерија за модерно оружје. Притоа, старото оружје треба да биде испратено во Украина.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов