Стапката на невработеност во еврозоната во септември годинава падна на 8,9 отсто од августовските девет проценти, што е најниско ниво во последните девет години, покажаа податоците на европската статистичка служба Евростат објавени денеска.
Ова е најниска стапка на невработеност во зоната на еврото од јануари 2009 година.
Во септември во Еврозоната билњ невработени 15,9 милиони лица, што е за 15.000 помалку отколку претходниот месец, соопшти Еуростат.
Најниска стапка на невработеност од 4,1 отсто минатиот месец е забележана во Германија, а највисоко во Шпанија и Грција од 19,2, односно 23,1 проценти. Во Франција е регистрирана стапка на невработеност од 9,5 отсто.
Последните податоци покажуваат на бавно, но стабилно подобрување на економијата на ниво на ЕУ, откако стапката на невработеност во Унијата во септември падна на 9,9 проценти, со што првпат по април 2011 година таа е под 10 отсто.