Потрошувачите во еврозоната очекуваат висока инфлација и послаб економски развој

Од:

Потрошувачите во еврозоната очекуваат повисока инфлација и послаб економски развој, покажува новото истражување објавено од Европската централна банка (ЕЦБ), јави ДПА.

Во јуни, испитаниците опфатени со истражувањето рекоа дека очекуваат дека за 12 месеци инфлацијата ќе биде повисока, растот на приходите ќе остане непроменет и дека номиналната потрошувачка ќе се зголеми значително повеќе од приходите. Особено посиромашните домаќинства забележуваат значително повисоки трошоци.

„Несигурноста на потрошувачите за инфлацијата се стабилизираше од март, откако се зголеми во текот на претходните месеци“, соопшти ЕЦБ. Истражувањето, исто така, покажа дека испитаниците очекувале забавување на економскиот раст и зголемување на невработеноста, растот на цените на куќите да биде малку помал и каматните стапки на хипотеките да продолжат да се зголемуваат.

Анкетата за очекувањата на потрошувачите денеска беше објавена по првпат и сега ќе се објавува месечно. ЕЦБ анкетираше 14.000 луѓе од Германија, Франција, Италија, Шпанија, Холандија и Белгија. Во овие земји е околу 85 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП

Ана Ололовска

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Анализа: Пад во стопанството на Еврозоната втор месец по ред

А1он

Инфлацијата во август достигна 9,1 отсто во земјите од еврозоната

А1он

ЕК: Очекувањата на потрошувачите во ЕУ и во еврозоната на рекордно ниско ниво

Ана Ололовска

Хрватска официјално примена во еврозоната