Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години

Од:

Економијата на САД брои 528.000 работни места во јули, двојно повеќе од очекуваните 250.000, а стапката на невработеност падна за 0,1 поен на 3,5 отсто, враќајќи се на најниското ниво во последните 50 години од февруари 2020 година.

Аналитичарите очекуваа малку повисока стапка на невработеност за јули – 3,6 проценти – како што беше во јуни. Вработеноста достигна 62,1 отсто, останувајќи за 1,3 процентни поени под нивото од февруари 2020 година.

Просечната заработка на час порасна со годишна стапка од 5,2 отсто. Бројот на отворени работни места за претходните два месеци беше ревидиран нагоре, од 384.000 на 386.000 во мај и од 372.000 на 398.000 во јуни.

Би можело да ве интересира

Администрацијата на Бајден бара од Конгресот да одобри продажба на гранати на Израел

Катерина Ѓуровски

Вашингтон ја блокираше резолуцијата на ОН за итен прекин на огнот во Газа

Катерина Ѓуровски

САД: Полицијата уапси маж кој пукаше пред синагога

Напаѓачот од Лас Вегас, долгогодишен професор, имал листа за отстрел

(ВИДЕО) Пукотница на Универзитетот во Лас Вегас, американските медиуми јавуваат за повеќе жртви

Горан Наумовски

Кочо Анѓушев и неговата фамилија ставени на црната листа на САД

А1он