Нема понуди на тендерот за продажба на ОХИС

Од:

Комисијата за спроведување јавен повик за прибирање на понуди за продажба на акциите на Република Македонија и акциите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија во друштвото ОХИС АД Скопје се состана денеска и констатираше дека до 13 часот не е пристигната ниту една понуда на јавниот повик, информира Министерството за економија.

Министерството за економија ќе ја информира Владата за исходот од јавниот повик, со цел во да се разгледаат сите можни опции и да се добијат насоки за изнаоѓање на трајно ефикасно решение кое ќе обезбеди соодветни услови за понатамошно успешно деловно работење на АД ОХИС.

Согласно јавниот повик, крајниот датум за доставување на понуди за продажба на акциите во друштвото ОХИС првично беше определен за 14. овој месец, но со цел да се овозможи подготовка на квалитетни понуди од страна на двете компании кои веќе имаа купено и подигнато тендерска документација до крајниот утврден рок (7 ноември 2012), на 96.седница на Владата на Република Македонија, одржана на 11 ноември годинава, Владата донесе заклучок рокот за доставување на понудите по јавниот повик да се продолжи до 30 ноември 2012 година.

Последниот јавен повик за прибирање на понуди за продажба на акциите на Република Македонија и акциите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија во друштвото ОХИС АД Скопје беше објавен на 12 и 13 септември 2012 година во неколку дневни весници, во “Financial Times” и на веб страницата на Министерството за економија.

Би можело да ве интересира

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

Орце Костов

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција

Катерина Ѓуровски

Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата

(ВИДЕО) Ковачевски: Со отстранувањето на линданот од „ОХИС“ ги решаваме наследените еколошки проблеми

Ана Ололовска

МВР: Пожарот во „Охис“ го предизвикало лице што ја заварувало оградата, ќе следува пријава

Мери Јордановска