Трите мобилни оператори пристапија кон новата законска обврска од АЕК. Целта на оваа обврска е да се заштитат корисниците од анонимните повици, кои според статистиката се се почести.
Оние кои ќе сакаат да станат при-пеид корисници, ќе мора да се идентификуваат откако ќе го купат новиот број од T-mobile, VIP или ONE. Во спротивно, новата картичка нема да биде функционална.
Доколку новиот корисник не е во можност да се регистрира во салоните на мобилните оператори, тоа ќе може да го направи преку СМС порака, повик на оператор, или на веб страниците на мобилните оператори.
И оние кои веќе се корисници ќе мораат да се идентификуваат на своите броеви. Мобилните оператори за новата законска обврска ќе ги извести своите корисници преку СМС порака.