Наскоро возобновување на директната авионска линија Скопје – Сараево

Од:

Наскоро се очекува да биде возобновена директната авионска линија меѓу Сараево – Скопје, најавија денеска во Скопје министрите за транспорт на двете држави Горан Сугарески и Исмир Јуско.

Двајцата министри на прес-конференција во македонската Влада истакнаа дека заложбите на двете влади ќе бидат најскоро што може да биде воспоставена оваа авионска линија.

Решавањето на ова прашање, според министерот Сугарески, е од исклучително значење за двете држави. – Се надеваме дека оваа авионска линија која пред неколку години е укината ќе биде повторно активирана во најбрз можен рок се со цел граѓаните да можат на најбрз можен начин да стигнат до Сараево и до Скопје, истакна Сугарески.

Со воспоставувањето на авионската линија меѓу главните градови на двете држави се очекува дека ќе се олесни комуникацијата меѓу граѓаните и бизнис секторот.

Меѓу Македонија и Босна и Херцеговина од 2004 година постои билатерална спогодба за воздушен сообраќај.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска