Наскоро ќе биде потпишан нов колективен договор за административните и судските службеници

Од:

Финализирање на активностите за потпишување Колективен договор за административните и судските службеници, изедначување на судските службеници со останатите во делот на додатоци на плата, како и враќање на платите што им беа одземени за време на штрајкот во 2016 година, биле дел од темите за кои разговарале претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија со министрите за јавна администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски и за правда Рената Дескоска Тренеска, и нејзиниот заменик Оливер Ристовски.

-Најважен за нас е колективниот договор што за овие дејности не е потпишан од 1995 година, со кој ќе се регулираат правата на вработените и што е најважно ќе ги опфати и судските службеници кои десетина-петнаесет години беа настрана и никој не сакаше да разговара за нив. Сега со ова се создава можност да ги регулираме нивните права, да ги отстраниме штрајковите и протестите и конечно да се работи во мирна атмосфера, да ги зголемиме платата, да се измени Законот за судска служба или да се донесе целосно нов, со што ќе се регулира делот на додатоците на плата што до овој момент ги немаа единствено тие, рече претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски.

Министерот Манчевски, пак, потенцира дека и за нив е значајно потпишувањето на Колективниот договор. Тој потенцира дека претставници од министерствата за јавна админситрација и информатичко општество, за правда, за финансии и за труд и социјална политика, се дел од работните групи заедно со претставници на синдикатот и оти разговараат за конкретни решенија и потпишување нов колективен договор .

-Јас сум оптимист и се надевам дека до крајот на оваа година или најдоцна до почетокот на следната да го потпишеме и да се обидеме да го задоволиме најголемиот дел од барањата на синдикалците. Се разбира не може се. За некои работи разговаравме, за некои се разбравме за некои се критикуваме и така треба да биде, рече Манчевски.

Тој додаде дека ги информирале претставниците на синдикатот за големите реформи во администрацијата за следната година, како хоризаонтална функционална анализа, која како што рече, треба да заведе ред во хаосот и во институциите, но и воведување високо административна служба за да се спречи политизација на јавната администрација.

Министерот најави дека се водат и разговори за зголемување на платите во администрацијата, но притоа не посочи детали.

– Можам да најавам дека во буџетот за следната година е предвидени средства за зголемување на плати во администрацијата, а во наредните денови ќе излеземе со конкретни податоци, рече Манчевски.

Заменик-министерот за правда потенцира дека за решавање на прашањето со одземените плати на судските службеници наредната ќе се одржи средба на која ќе се водат можните решенија. Потенцира дека Министерство за правда не е директно надлежно за враќање на тие средства, туку оти тоа е Судскиот буџетски совет.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on