Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

Од:

Државната администрација брои 129.374 вработени лица во активни 1354 државни институци, покажа Годишниот извештај за податоцит од Регистарот на вработени во јавниот сектор.

Бројот на институции во 2022 година е зголемен за осум институии во однос на 2021-та, девет се нови а една е згасната. Основачи се државните институции и општините. 60,7% од нив се институции на локално ниво, а 39,3% се на централно ниво.

– Од нив најголем број 533 институции се од дејноста образование. Бројот на вработени се најамил за 2.714 вртаботеи. Од вкупниот број 18.909 лица биле вработени во АРМ, МВР, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција. Освен како бројка, за овие вработени нема анализи поради безбедносни причини.

За преостанатите имаме податоци за вработените во државната власт и локалната власт.

Анализата покажа најголем број од вработените во јавниот сектор се во дејноста образование, потоа во дејноста здравство – истакна министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на промоцијата на Годишниот извештај.

Бројот на вработените во државната власт е само 13% од вкупната бројка во јавниот сектор. Во Владата, министерствата, органите во состав на министерствата се вработени само 14.501 лице.

– Произлегува дека бројот на вработени е намален за 771 лице. Анализите покажуваат дека само од министерствата бројот е намален за 302 лица. Само 24 институции имаат над 500 вработени. Со 56,29% се застапени жените и тоа во труд и социјала со 82,99%, особено јавните установи за социјална и детска заштита – додаде Алиу.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Алиу не поднесе оставка – побара уште утре да се расправа за законите

Анита Петровска Рајковиќ

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ