Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Од:

Во Скопје попладнево се одржа протестен марш во организација на Независниот синдикат на судска администрација. Маршот започна од пред платото на Основен Кривичен и Граѓански суд, а заврши пред зградата на Судски совет. Таму, претставници на синдикатот имаа средба со претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев.

Меѓу барањата на синдикатот се и зголемување на платата за 78 проценти од минимална и додатоците на плата за 35 отсто од судскиот буџет.

Јасмина Величкова, претседателка на Независниот синдикат на судска администрација, информираше дека биле на средба со Георгиев за да ги искажат барањата и како што посочи, наишле на разбирање.

Георгиев во изјава за медиумите по состанокот рече дека очекуваат разбирање од министерот за финансии.

– Го повикувам министерот за правда да биде дел од нас, да успееме. Ја имаат мојата поддршка. Да ги решаваме проблемите. Сум на располагање, заедно можеме многу повеќе. Се надевам на резултати во скоро време. Дали ќе се успее, зависи од Министерството за финансии. Ги повикувам сите релевантни надлежни фактори, да пристапат кон решавање на оваа проблематика, бидејќи ќе има последици ако судството бојкотира. Да гледаме оптимистички, сега со ангажирање на медијатор, дека ќе се најде разбирање, подвлече претседателот на Судскиот совет.

Тој апелираше исто така и за нови вработувања во судството на испразнети места, не само по основ на пензионирање, туку и поради заминувања од најразлични, други причини.

На протестот беа побарани правата за достоинствена плата, поради, како што беше кажано, високиот степен на одговорност што го имаат службениците во судовите. Ќе продолжат протестите пред судовите од девет до десет часот, додека траат преговорите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски