Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

Од:

Постојано одложување на носење нови клучни закони, често именување на вршители на должност односно на в.д. директори и нецелосни финансиски извештаи за тоа каде се потрошени парите за реформи, покажа ревизорскиот извештај на успешност „Реформа во јавната администрација“ што денеска го објави Државниот завод за ревизија.

Имајќи предвид дека согласно новата Методологија за пристапување кон ЕУ, реформата на јавната администрација е област која е дел од преговарачкиот процес во рамките на Кластерот – Фундаментални вредности, Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Реформа на јавната администрација“, со цел да се даде одговор на прашањето: ,,Дали преземените активности од надлежните институции обезбедуваат ефикасно спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022”.

Со ревизијата констатирано е дека роковите за донесување на клучните закони за спроведување на реформи во јавната администрација континуирано се одложуваат. Постапката за донесување на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници и Законот за високо раководна служба е отпочната во 2019 година и истата се уште трае.

Во извештајот е нотирано и честото именување на вршители на должност – в.д директори.

„Во периодот од 2018 до 2021 година, 52 отсто од вкупниот број на именувани раководни лица се в.д. директори или нивни заменици, чиј избор е без објавување на јавен оглас, што влијае врз професионализацијата на високата раководна служба, доброто управување во институциите на јавниот сектор и ја намалува отчетноста на постапката на избор на раководни лица на институциите“, стои во извештајот.

Во однос на кадровските капацитети за исполнување на реформските цели, ДЗР утврдил чести промени, недоволна кадровска екипираност и нецелосна реализација на надлежностите на телата одговорни за процесот на реформа и неефикасна вертикална и хоризонтална координација и комуникација на сите учесници во процесот.

„Советот за реформа на јавната администрација е највисоко политичко тело за координација на активностите. Во периодот од 2018 до 2022 година извршени се шест промени во неговиот составот, како последица од постојаните структурни промени во Владата, со одржани само седум состаноци за период од четири години, а од последната од јули 2021 година до крајот на 2022 година, повеќе од една и пол година, не е одржана нова седница“, вели ДЗР.

Вкупно планираните средства за спроведување на мерките од Стратегијата изнесуваат 1.802.140 илјади денари односно околу 30 милиони евра, при што најголемо учество од над 56 отсто се обезбедени од фондови и инструменти на ЕУ.

„Четвртиот годишен извештај од 2021 година не содржи целосен финансиски преглед и дадена е анализа само за потрошени средства во износ од 1.111.359 илјади денари, односно за околу 18 милиони евра, што претставува 61 отсто од вкупно планираните средства за период 2018-2022 година“, велат ревизорите.

Би можело да ве интересира

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

Орце Костов

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

Орце Костов

За десет години изградени помалку од 40 километри од автопатот Кичево-Охрид за што се потрошени 430 милиони евра, утврди ревизијата на ЈПДП

Орце Костов

Апаратите за магнетна резонанца не се искористени, нема доволно кадар – извештај на ревизорите

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов