Три реформски закони поминаа во прво читање, додека Законот за инспекциски надзор е целосно усвоен во Собранието на Република Македонија

Од:

Собранието денеска даде поддршка на предлог законот за вработените во јавниот сектор, предлог на законот за административни службеници и на предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, сите во прво читање и ги проследи во натамошна собраниска процедура.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев посочи дека пакетот реформски закони за администрацијата се во согласност со Стратегијата за реформи на јавната администрација, Акцискиот план на Министерството за јавна администрација и со Роковникот за европската агенда.

“Овие закони во минатиот период долго беа во европските извештаи и се надевам дека конечно дојдовме до крајот и дека пратениците ќе ги изгласаат“ – рече Минчев.

Според него, со предлог законот за вработените во јавниот сектор се поставуават темелите за професионализација на јавниот сектор. Ќе се овозможи секој конкурс да биде јавен, а институциите ќе бидат обврзани на целосна транспарентност.

Селекцијата ќе се врши низ три јасни доверливи фази: администратина проверка, тестирање и интервју со кандидатот, врз основа на криетриуми.

“Ќе се вработува врз основа на заслуги, а не на познанства “– истакна Минчев.

Тој најави централизација и дигитализација на огласите и посочи дека секој оглас за вработување ќе биде објавен на веб страницата на Агенцијата за администрација.

“Борбата против партизацијата е еден од главните фундаменти. Со јасни ограничувања на дискрециските овластувања и со строги правила, го прекинуваме просторот за партиски и за неформални вработувања во јавниот сектор. Се воведува нова специјализирана категорија за ИТ кадарот со повисоки плати и современи услови за работа, се поедноставуваат плановите за вработување и за систематизација, за мобилност за јавните службеници и за унапредување засновано на услуги. Ќе има и увид во привремените вработувања” – наведе министерот Минчев.

Во предлог законот за административни службеници, пак, е предвидено да се воведе систем на вработувања со електронски тестови и со практични проверки,. Агенцијата за аминистрацијата како интегрален дел од Министерството за јавна администрација ќе гарантира фер и транспарентен, дигитализиран избор, односно процес кој ќе се снима.

Предвидено е и задржување на младите таленти со хибриден и далечински модел на работа, подржан со менторство.

Со законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, меѓу останатото, треба да се овозможи усовршување, што ќе направи учењето да биде задолжително и континуирано. Обучувачи ќе бидат искусни административци со финансиска награда.

Пратениците го изгласаа и Законот за инспекциски надзор, со кој се укинува Инспекцискиот совет, а се формира колегиум на директори на државни инспекторати како меѓуресорско координативно работно тело.

Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на реализацијата на реформската агенда во согласност со европските стандарди и приоритети.

Би можело да ве интересира

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка