Наришкин: Западот и наложи на Бугарија да го запре „Јужен поток“

Од:

САД и Брисел и наложија на Бугарија да го запре „Јужен поток“ и постапија со неа така, како да е колонија, изјави претседателот на руската Дума Сергеј Наришкин, јави ТАСС.

– Генерално гледано, со Бугарија во практика беше постапено така, како со колонија. Речиси е срамно, изјави Наришкин на парламентарната дебата „Русија и ЕУ: Перспективи за партнерство“.

– Експерти веќе проценуваат дека само овогодинешните штети за европската економија од санкциите против Русија и антисанкциите, ќе достигнат десетици милијарди евра, потсети Наришкин.

– Веројатно треба да ја додадеме пропуштената корист од несудените проекти како „Јужен поток“, што беше прекинат и со одлука на Европската комисија, и со одлуката наметната на Бугарија од страна на Брисел и Вашингтон, додаде Наришкин.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори