На ФЕИТ ќе биде отворена прва лабораторија за тестирање на 5Г

Од:

По повод Светскиот ден на телекомуникациите – 17 мај, денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе биде отворена првата лабораторија за тестирање на 5G технологијата „5G evolution laboratory”.

Во оваа лабораторија преку партнерството на ФЕИТ и Македонски Телеком, во иднина ќе се вршат и реални 5G тестирања.

Воведувањето на 5Г технологијата во државава ќе се одвива според најавениот национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи. Клучни придобивки од 5Г технологијата се: значително поголема брзина на податочните услуги, промени во начинот на користење интернет, нови продукти од мобилните мрежи на операторите, намалување на бројот на семејства во т.н „бели зони“ – подрачја на кои не постои можност за широкопојасен пристап, а има потенцијал за користење.

Во септември лани Македонски Телеком го реализираше првото 5G демо во државава, како чекор кон воведувањето на оваа технологија, што треба да овозможи технолошки напредок на општеството и многу нови функционалности за корисниците. Првпат во регионот, беше измерена брзина преку мобилната мрежа, која е за над четири пати поголема од брзините на пренос на податоци на 4G мрежата.

Во Европа 5G технологијата ќе почне да се имплементира од 2020 година, а со сите нејзини напредни функционалности по 2025 година.

На отворањето на лабораторијата се најавени обраќања на деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски, Лилјана Гавриловска, редовен професор на ФЕИТ, раководител на WINGroup, на CWNC и на новата 5G evolution лабораторија и Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Би можело да ве интересира

Пандемијата на корона го забрза воведувањето на 5G мрежата

Канада го забрани пристапот на „Хуавеј“ до 5Г мрежите

Извршните директори на американските авиокомпании предупредуваат на „хаос“ доколку 5G не се ограничи во близина на аеродромите

А1он

Студиските програми на ФЕИТ добија акредитација од германска агенција

А1он

АЕК објави тендер за одобренија за 5Г

А1он

Во Кина веќе има 450 милиони корисници на 5G мрежата

Ана Ололовска