Музичарите побараа укинување на забраната за настапи во угостителски објекти

Од:

Музичарите денеска излегоа пред Владата и побараа по 15 месеци да може да почнат со работа сите музичари и укинување на забраната за настапи во угостителски објекти.

dobivaj vesti na viber

Петар Младеновски од Управниот одбор на Здружението на музичари „Музика сега“, познат како Пеце од „Суперхикс“ изјави дека треба да се дозволи работа на сите оние што настапуваат, не само на свадби, туку и на сите што настапуваат во угостителски објекти бидејќи, како што рече, протоколи веќе постојат.

-Забраната за настапување на вакви места е на сила и нема никаква логика. Треба да биде час поскоро укината, смета Младеновски.

Од Здружението прашуваат кои се лиценцираните музичари кои ќе можат да настапуваат на свадбените прослави.

– И тоа најмногу не збунува бидејќи лиценцирани музичари во оваа држава не постојат. Ниту има Комора која би ги застапувала и би ги издавала лиценците, ниту здружение кое тоа го прави и бараме одговор на ова прашање, на ова нејаснотија, изјави Младеновски. Додаде дека уште минатото лето имаат доставено протоколи до Владата и до сите релевантни фактори за настапи во локали.

Младеновски додаде дека преку Здружението праќале соопштенија, давале изјави, имале средби, разговори, преговори и додаде оти имаат доставено барања и протоколи за сигирност при работа на музичарите. Според него, досега мал дел опд нивните барања се ислушани и уважени и очекуваат во најскоро време да им биде дозволено да работат.

Би можело да ве интересира

Нови протоколи за работа за кафетериите и рестораните

Предраг Петровиќ

Заев за непочитување на протоколите на собирите: Нема договори меѓу партиите, ветивме дека ќе ги почитуваме мерките

Кристијан Ландов

13 девојки забавувале гости во ресторан кој работел надвор од дозволеното работно време

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Павлова-Николовска

НУК и ЗУПМ „Музика сега“ побараа од Владата укинување на дел од точките од протоколите за организирање свадби

Ана Ололовска

НУК: Новите протоколи за свадби се контрадикторни и нелогични

Ана Ололовска