МТСП: Секој работник на Коридорите 8 и 10д ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено

Од:

Прекувремената работа не значи 60 часа неделно, но и не значи дека во текот на целата година ќе има прекувремена работа, тоа ќе зависи од временските услови за работа на терен, односно поинтензивно ќе се работи во месеците на пролет, лето и средина на есен, но не 60 часа неделно, порачуваат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во однос на ангжаманот на работници на изгрдбата на коридорите 8 и 10д.

Како што посочува МТСП, прекувремената работа ќе зависи и од активностите и процесите на работа на трасите, што значи дека ќе има и денови кога воопшто нема ниту да има потреба од прекувремена работа.

МТСП повторува дека ангажманот на работна сила за изградба на Коридорот 8 и Коридирот 10-д ќе се реализира согласно постоечкиот закон, односно, согласно Законот за утврдување јавен интерес, со кој се регулира ангажманот на работници и јасно стои обврската, стратешкиот партнер да користи најмалку 51 процент од локални ресурси.

Проектот, според Министерството, има за цел да вработи што е можно повеќе работници од Северна Македонија, кои ќе имаат можност и за обука од страна на изведувачот.

-Ова значи, дека ако нашата земја има доволно локални ресурси, односно работна сила, бројот на локално ангажираните ресурси може да биде и поголем од 51 процент. Законите постојат за да ги штитат граѓаните. Работниците кои ќе бидат ангажирани на овој проект, а согласно потребите во градежништвото извршуваат прекувремена работа, секој прекувремен час ќе им биде исплатен 35 проценту согласно Законот и колективниот договор. Секој работник ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено, и доколку не сака нема да биде принуден со сила да работи прекувремено. Согласно законот, работниците ќе имаат и слободен ден, наведува МТСП.

Според Министерството, придобивките од неговата изградба се огромни, бидејќи поврзувањето на земјата со регионот и Европа обезбедува рамномерен регионален развој, раздвижување на економијата на земјата, подобрување на бизнис климата, пораст на странски инвестиции, побрз трансфер на луѓе и стоки, отворање нови пазари и подобро поврзување со меѓународните и трговски партнери.

-Ова значи и обезбедување на нови работни места за нашите граѓани бидејќи трасите каде што ќе се градат делниците отвораат дополнителни можност за изградба на нови објекти од различни дејности, како што се бензиски пумпи, ресторани, хотели, одморалишта, деловни објекти. Тоа се нови можности за отворање на нови работни места, за вработување на жителите од регионите каде што ќе поминуваат автопатските делници од коридорите. Од друга страна тоа се нови даночници и нови приливи во државната буџетска каса, наведува МТСП.

Би можело да ве интересира

Брзо се оттуѓува приватниот имот за „Бехтел и Енка“: 58 отсто од земјиштето е експроприрано

Орце Костов

На распит во Обвинителство сите инволвирани во изборот на надзорот за автопатите на „Бехтел и Енка“

Орце Костов

Геодетска комора: Предлог-законот за геодетска дејност е спротивен на eвропските пракси и е погубен за секторот

ВМРО-ДПМНЕ: Цела влада на чело со Груби се собра за копање една дупка

Работник од Албанија падна од објект во изградба во Чаир и загина

Собранието расправа за измени на Законот за работни односи поврзани со изградбата на коридорите

Катерина Ѓуровски