Брзо се оттуѓува приватниот имот за „Бехтел и Енка“: 58 отсто од земјиштето е експроприрано

Од:

До крајот на октомври на 58% од земјиштето на кое ќе минува трасата на коридорите 8 и 10Д била завршена експропријацијата, а остануваат уште 42%, се вели во Извештајот на Супервизијата за прогресот на изградба на автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани, Требеништа-Ќафасан и Прилеп-Битола.

Во Извештајот за месец октомври стои дека изведувачот, американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ работел главно на проектот за експропријација, геотехнички испитувања и спецификации за автопатот.

Средствата за експропријација кои се проценуваат на околу 300 милиони евра. За земјиштето што се експроприра државата ќе плаќа пазарна вредност која се пресметува врз основа на данокот на имот што го плаќа сопственикот на недвижнината.

Динамиката на процесот е побрза кај експропријацијата, но е побавна кај геотехничките испитувања. „Бехтел и Енка“ до крајот на октомври испитал само 17% од теренот, а му останува уште 83 отсто.

Во извештајот се наведени и сумите кои Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта ги префрлија на сметката на „Бехтел и Енка“ во периодот од 26 април до 9 ноември.

На 26 април се префрлени 118 милиони евра, потоа на 23 јуни исплатени се 53 милиони евра, на 28 јули на сметката на „Бехтел и Енка“ легнале 7,2 милиони евра, на 10 август исплатени се 3,4 милиони евра, на 2 октомври легнале 3,5 милиони евра, додека на 9 ноември ЈПДП исплатило 3,6 милиони евра. Вкупната сума досега која ЈПДП ја исплатило кон „Бехтел и Енка“ е околу 189 милиони евра.

Во извештајот е наведено дека ќе се градат вкупно 109 километри автопат за кој ќе се потроши 1,1 милиони тони асфалт, 1,2 милиони м3 тампон, 620.000 м3, 10 милиони кубици за пополнување, ќе се ископаат 21 милион кубни метри земја, ќе се изградат мостови со вкупна должина од 4,5 километри, како и 24 подвозници и 34 надвозници.

Би можело да ве интересира

Владата го укина заклучокот за исплата на 252 милиони евра на „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Се однесуваат насилнички, нудат само да нѐ исплатат – жители на прилепско село бараат времена мерка против „Бехтел и Енка“

Договорот со „Бехтел и Енка“ не може да се декласифицира, Владата ќе се пазари да добие повеќе километри за цената

Жителите на прилепски Оревоец со иницијативи и претставки до судовите за ископот на „Бехтел и Енка“

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8

Новата влада ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“, а во првите сто дена ќе објави и инвестиција во енергетиката, најави Мицкоски

Предраг Петровиќ