Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8

Од:

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на вчерашниот ден на новинарско прашање за проектот на Коридорот 8 истакна дека се разгледува можноста за раскинување на договорот со конзорциумот Бехтел и Енка.Европскиот фронт смета дека раскинувањето на договорот за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата и од витално значење за економскиот развој на земјата е неприфатлив и невозможен чин. Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот Бехтел и Енка велат од Европскиот фронт.

– Оценуваме дека ваквиот став е обид да се минимизира големата работа и најголемиот проект во историјата на државата што досега прогресивната и проевропската Влада го реализираше. Договорот со Бехтел и Енка е потпишан според сите законски одредби, коректен е од секој аспект и никој не може да ја оцрни неговата содржинска исправност и бенефитот што неговата реализација и го носи на државата. Јавно прашуваме, дали е ист ставот против Коридорот 8 и на албанската опозиција „Вреди”, губитниците на парламентарните и претседателските избори. Досега во овие неколку дена не нарекоа „македонски албанци“, рекоа дека нема уставни измени, дека нема европска перспектива, дека Охридскиот договор ќе биде суспендиран и дека опозицијата што ги изгуби изборите нема ниеден услов за формирање на идната Влада. Дали и лидерите на албанската опозиција ги делат овие ставови, се вели во соопштението од Европски фронт.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП