Моторџиите од полноќ ќе плаќаат за 40 отсто поевтина патарина

Од:

Почна примената на новата методологија со која од полноќ мотоциклистите ќе плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина, со што Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ја реализира најавата за нови цени за патарина за моторџиите.

Воведувањето на мотоциклите како нова категорија возила што плаќаат патарина е на барање на Мотоциклистичката Федерација на Македонија, а за што беше усвоена Одлука на ЈП за државни патишта во јуни 2019 година.

-Мотоциклите со две тркала минатата година беа вклучени во посебна категорија на возила – категорија 1 А, со што тие од денеска плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина во споредба со автомобилите, соопшти ЈПДП.

Надоместот за употреба на пат за мотоциклите изнесува 20 денари на наплатните станици „Петровец“, „Миладиновци“, „Тетово“, „Гостивар“, „Глумово“ и „Желино“. Патарина во износ од 40 денари се плаќа на наплатните станици „Романовце“ и „Стоби“, додека 50 денари од правец е на наплатните станици „Сопот“ и „Отовица“, а 60 денари за правец се плаќа на наплатната станица „Гевгелија“.

– Со ова се исправи повеќе децениската неправда и конечно мотоциклистите плаќаат помалку и поевтино од автомобилите, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ЈПДП ќе испитува дали Митревски ја злоупотребил службената положба

Од патарините за пет месеци собрани 23,6 милиони евра

Возач физички нападнал вработен на патарина

А1он

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска