МОТ: Годишно по 270 милиони повреди на работа и 160 милиони професионални болести

Од:

Македонското здружение за заштита при работа во соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија и Сојузот на синдикати на Македонија денеска и утре во Скопје организира обука за тоа како да се сочува здравјето на работниците и како да се превенираат инвалидноста, професионалните болести и повредите на работа.

На обуката присуствуваат претставници од здруженијата на работодавачи, комори и стручни лица кои работат на полето на безбедноста и здравјето при работа.

Податоците на Меѓународната организација на трудот (МОТ) покажуваат дека секоја година се регистрираат 270 милиони повреди на работа со отсуство од работа подолго од три дена и 160 милиони професионални болести. Околу 30 до 40 проценти од нив минуваат во хронични и иреверзибилни состојби, а 10 проценти се поврзани со целосен и траен губиток на работната способност.

И податоците на Светската здравствена организација укажуваат дека 1/3 од работната популација во светот постара од 45 години боледува од една или повеќе болести во врска со работата и проценет морталитет на околу 800 илјади работници на годишно ниво.

Гранки со највисока инциденција на професионални болести се рударството, градежништвото и преработувачката индустрија.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа