МОЛ го ограничува купувањето горива

Од:

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ денеска соопшти дека граѓаните ќе може да купат само 50 литри гориво дневно, со цел да се обезбеди доволно бензин и дизел во период на зголемена побарувачка поради туристичката сезона и жетвата.

– Го воведовме овој лимит (за продажба на гориво на бензинските пумпи) … со цел да го гарантираме снабдувањето. Клиентите кои точат гориво во канистери повеќе нема да имаат право на попуст, изјави портпаролката на МОЛ, Пирошка Бакош.

Tаа додаде дека побарувачката на гориво во лето обично е за 30 до 40 отсто поголема, поради туризмот и жетвата, што значи поголема потрошувачка на нафтата.

Увозот на гориво во Унгарија е намален поради замрзнатите цени. Унгарската Влада ги замрзна цените на бензините и нафтата на 480 форинти (1,2 евра) за литар.

Унгарската Влада веќе пласираше гориво на пазарот од резервите со цел да го балансира пазарот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон