МојДДВ #МојаНаграда: Уште 15 најсреќни граѓани добија по 100.000 денари

Од:

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на јануари.

Христина Колева, Ратко Соколовски, Пеце Трајковски, Александар Стојановски, Елена Илиевска Честојнов, Воислав Завков, Елена Пенева, Дарко Дучевски, Силвана Тасевска, Ивана Илиоска Николовска, Лујза Јаневска, Јулијана Даскалов, Дејан Смилевски, Бурамедин Суловски и Ефимија Маркоска се граѓаните кои беа извлечени во второто коло кое се емитуваше на Канал 5 ТВ вчеравечер, соопштуваат од Министерството за финансии.

Поголемиот број добитници се од Скопје, додека останатите се од Битола, Охрид, Пробиштип, Велес, Кавадарци и Неготино.

Износот на наплатен ДДВ од скенираните сметки во јануари изнесува рекордни 730 милиони денари.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, изјави дека „во јануари се скенирaни убедливо најмногу фискални сметки досега преку апликацијата МојДДВ, или над 15 милиони сметки, а наплатениот ДДВ од скенираните сметки во јануари е за над 70 отсто повисок во однос на просекот од претходните пет месеци. Исто така, има и 50 илјади нови корисници на апликацијата, пријавени во текот на декември и јануари“.

„Граѓаните што скенираат сметки имаат трикратна корист, поточно добиваат поврат, добиваат награди и помагаат во борбата против сивата економија, со што во иднина ќе добијат подобри јавни услуги: понови апарати и услови во болниците, подобри услови за школување во училиштата, подобра инфраструктура…“, вели Ангеловска.

Би можело да ве интересира

Со „Мој ДДВ“ за четири години кај граѓаните се вратени 6.6 милијарди денари или 107, 5 милиони евра

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник

Катерина Ѓуровски

Со одлука на пратениците, граѓаните ќе може да заработат плус 300 денари од скенирање сметки

Орце Костов