Со одлука на пратениците, граѓаните ќе може да заработат плус 300 денари од скенирање сметки

Од:

Пратениците во македонското Собрание ги изгласаа измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност со што повратот на ДДВ за физички лица преку скенирање на фискални сметки од 1.800 се зголемува на 2.100 денари.

Со оваа измена на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје граѓаните ќе имаат можност со скенирање на фискални сметки да заработат дополнителни 300 денари, а веста прва ја соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

„Пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица.

Со оваа измена се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.

Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата „МојДДВ“ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година“, напиша Лукаревска на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Демократи ги промовираше кандидатите за пратеници: Да ги тргнеме од власт 33-годишните робовладетели

Орце Костов

ГРЕКО бара испитување на имотот на пратеници и судии, како и правила за подароци за обвинителите

Орце Костов

Газдите може да ги издаваат становите по цени колку што сакаат: Пратениците против утврдување на горна граница за кириите

Орце Костов

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидати за пратеници во Собранието

А1он

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

(ВИДЕО) Албански пратеници се судрија со обезбедувањето, па преку прозори упаднаа во Собранието

Горан Наумовски