Могерини повика за флексибилност при решавање на грчката должничка криза

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини повика за флексибилност од страна на Европа при решавањето на проблемот со грчката должничка криза, пишува весникот „Нафтемборики“.

– Европа треба да се однесува флексибилно при решавањето на грчката должничка криза и тој чекор треба да биде направен не само од чувство на солидарност, туку и заради општиот интерес. Доколку пропадне еден, пропаѓа целиот систем, јас сум уверена во тоа, рече Могерини.

На отварањето на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Г-7 во германскиот град Лобек, Могерини изјави дека останатиот дел од Европа треба да сфати дека тоа не е едноставно прашање, кое ја засега само Грција.

Таа додаде дека Унијата треба да биде флексибилна не само поради солидарност, туку пред се поради заедничкиот интерес.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески