Млади иноватори и претприемачи од 12 земји ќе ги решаваат проблемите со кои се соочуваат

Од:

Млади иноватори и претприемачи од 12 земји од Источна Европа и Балканот од денеска учествуваа на тренингот за наука и технологија преку GIST (Global Innovation through Science and Technology) програмата во Скопје, во организација на Американскиот Стејт департмент во соработка со VentureWell и локалниот партнер Startup Macedonia.

Програмскиот директор на Startaup Macedonia Игор Маџов појасни дека ГИСТ програмата ќе помогне на компаниите, бизнисите кои се соочуваат со некакви проблеми, да дојдат до можноста да добијат инвестиција да излезат на странскиот пазар.

Ајви Шултз претставник на ГИСТ од одделот за инженерство и претприемништво од Кулумбија универзитетот, појасни дека целта на обуката е стартапите и учесниците на обуката да понудат решение на постоечките проблеми и да развијат идеи. Тие, рече Шултз, треба да се запознаат со проблемите што постојат на пазарот и да добијат повратен одговор од менторите за да ги развијат своите бизниси.

Хит Неквин од Wenture well, претставник на GIST програмата рече дека една од целите на тренингот е младите претприемачи да се стекнат со вештини со кои тие ќе можат да ги употребат во развојот на својот стартап.

-Знаеме дека стартапите се клучен елемент за развојот на економијата и не само на Северна Македонија туку на сите земји од каде што доаѓаат учесниците на тренингот. Се надеваме дека под чадорот на ГИСТ нема да се остане само на развој на стартапите, туку ќе се овозможи обука и учење на нови алатки како и развивање на нов бизнис модел, а сето тоа ќе ги поврзе за заднички настап на глобалниот пазар, истакна Беквин преку различните тимови од регионот да се пренесат ризлични идеи.

Дамир Серемет претставник на Стартап „15 до 3“ од Босна и Херцеховина очекува на тренингот сите да ги споделат своите искуства, но рече дека очекува во Македонија да најдат и клиенти и да осознаат дали идејата која ја имаат може да функционира тука и во регионот.

На тренингот учествуваат 46 млади и иновативни претприемачи од: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Украина. Тие ќе поминат три дена преку обемни тренинзи и менторски сесии да ги усовршат своите бизниси се со цел за да ги презентираат своите иновации на јавноста на отворениот GIST Демо Ден. Освен презентациите на најдобрите тимови, присутните ќе имаат можност да дискутираат со инструкторите од неколку универзитети и бизниси од Соединетите американски Држави, а како посебен говорник ќе се обрати Ненад Чубриновски, оперативен директор на InPlayer, една од најуспешните ИКТ компании во Македонија, со темата „Како да се борите со Џиновите во светот на Технологијата” .

Најдобрите стартапи ќе имаат можност да ги презентираат своите иновации пред присутните и престижните судии, Хит Неквин, од Wenture well, Игор Маџов, Стартап Македонија и Владимир Трајковиќ, UКИМ Accelerator. На најдобрите тимови ќе им се овозможи да учествуваат на бизнис инкубатор во САД во текот на оваа година и дополнителна подршка во растот на бизнисите.

GIST е лансирана во 2011 година, предводена од Стејт департментот на САД. Стартап тренинзите се спроведуваат од страна на лидерите кои работат во областа на финансиите, тренинзи и обучување за наука и технологија се со цел да им помогнат на иноваторите да се пласираат на пазарот. GIST се фокусира на зајакнување на младите научници и иноватори во областа на технологијата преку градење на капацитети, менторирање и вмрежување.

Би можело да ве интересира

Млади инвоатори ќе ја претставуваат Македонија на глобалниот младински предизвик Generation unlimited – Технологија за планетата 2022

WIPO – Пандемијата поттикна приватни и јавни инвестиции во иновации

А1он

(ИНТЕРВЈУ) Коста Петров: Само на последниот повик „Стартапувај“ ангажирани се над 250 луѓе со просечна плата од 36.000 денари

Маја Илиевска-Пачемска

Македонскиот тим „eBionics“ победник на младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019/2020“

Ана Ололовска

Млади иноватори од нашата земја добија глобално признание за иновација за дигитална инклузија

Ландов

Состанок на Секторската работна група за конкурентност и иновации, ЕУ со поддршка на малите и средни компании

Ана Ололовска