Состанок на Секторската работна група за конкурентност и иновации, ЕУ со поддршка на малите и средни компании

Од:

Секторската работна група за конкурентност и иновации, за ИПА 3 Програмата на ЕУ, предводена од заменичката на претседателот на Владата за економски прашања, Мила Царовска, денеска одржа он-лајн работен состанок со претставници на меѓународните институции – донатори на средствата наменети за оваа програма. Како што соопшти кабинетот на Царовска, станува збор за нов циклус на програмата за донаторска помош од ЕУ од 2021 година, што се однесува на поттикнување на претриемништвото, поддршка на малите и средни претпријатија, олеснета трговија, дигитализација, како и поддршка на иновативноста и технолошки развој.

Вицепремиерката Царовска рече дека Владата во својата Стратегија за приоритет го смета индустрискиот раст и развој, јакнењето на домашните бизниси и новите иновативни идеи, како и продолжување на директните инвестиции кои имаат значајно учество во економскиот раст и развој на државата. Владата ќе биде посветена за спроведување на потребните реформи за унапредување на бизнис климата и обезбедување на подобри услови за сите компании, особено малите и средните фирми, а поддршката од ЕУ е добродојдена за исполнување на потребните критериуми и усогласување на домашното законодавство со европското, пред се во насока на отворање на преговорите за членство во Унијата.

Секторската работна група за конкурентност и иновации, во којашто освен воцепремиерката за економски прашања, учествуваат и Министерството за економија, Фондот за иновации и технолошки развој, Централниот регистар, Царинската управа и други надлежни организации и институции, ќе ги продолжи преговорите со ЕУ и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата