Мјанмар се поврза со нафтовод со Кина

Од:

Во текот на оваа недела ќе почне да функционира нафтоводот долг 771 километар што ќе ги поврзува пристаништето на мјанмарскиот остров Мале и големите рафинерии на југот на Кина.

Со овој нафтовод ќе се транспортираат 22 милиони барели сирова нафта годишно. Tоа треба значително да ги намали кинеските трошоци за транспорт на нафтата која до сега најмногу се превезуваше низ протокот Малака и низ Јужното Кинеско Море.

Иако по делумното укинување на воената управа од 2011 година Мјанмар ги отвори можностите за соработка со други држави, Кина и натаму е главен партнер во соработката на економски план.

Во најавата за почетокот на функционирањето на новиот нафтовод во Пекинг е потврдно дека со кинески средства во Мјанмар ќе се гради термоелектрана на гас во која ќе се вложат 7,8 милијарди долари. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Астролог најави нов земјотрес и заврши во затвор

Предраг Петровиќ

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски

Кина тивко ги укинува царините за американските чипови

Горан Наумовски