Марио Драги ги повика владите од еврозоната да спроведат структурни реформи

Од:

Европската централна банка е подготвена да преземе повеќе чекори за да го поддржи колебливото обновување на 18-те нејзини членки, но владите треба да се вклучат во напорите за намалување на константно високата невработеност, изјави претседателот на Европската централна банка, Марио Драги.

– Подготвени сме да ја промениме дополнително нашата позиција, доколку е неопходно за да го поддржиме слабото обновување, нагласи Драги на конференцијата на Федералните резерви на САД во Џексон Хоул, Вајоминг.

Тој потсети дека Банката ги намалила каматите, понудила евтини заеми на банките и размислувала за купување на активи, за да внесе повеќе пари во економијата.

Драги не посочи кога банката би можел да ги преземе тие дејствија, но истакна дека владите во еврозоната треба да преземат тешки чекори од политичка гледна точка за да ги направат своите економии поповолни за бизнисот.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески