Манифестација Меѓународен ден на задруги 2023 во Валандово

Од:

Со промоција на дел од производите на земјоделските задруги, со доделување на признанија на поединци и организации кои активно придонесуваат за развој и афирмација на задругарството, со потпишување на меморандуми за соработка со организации, установи и институции, како и панел дискусија на тема „Задругите партнери за забрзан одржлив развој“ со претставници на мрежата на земјоделски задруги, МЗШВ, научно образовни институции, локална самоуправа и гости од регионот, во организација на Мрежата на земјоделски задруги во Валандово се одбележа 101-виот Меѓународен ден на задруги.

Под темата „Задруги за одржлив развој“, задругарите ширум светот се повикани да го прослават овој ден и да покажат дека задружниот модел за организација го има исполнувањето на Цели за одржлив развојни (SDGs) како дел од својата ДНК, инспириран од кооперативните вредности и принципи.

Годишното прославување на овој ден, се вели во соопштението од Мрежата на земјоделски задруги, го препознава значителниот придонес на задругите кон глобалната економија и нивната улога во градење на поодржлива иднина.

-Со оглед на тоа што задругите се едни од најстарите и најголемите деловни мрежи во светот, задружното движење беше првата група на претпријатија на светско ниво кое ги поддржа целите за одржлив развој и е препознато како партнер за нивно постигнување, велат од Мрежата на земјоделски задруги.

Настанот, како што информираат од Мрежата на земјоделски задруги, е поддржан и од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Би можело да ве интересира

Никнува бугарски клуб во Валандово со претседател Македонец: Мислат дека сум се продал за пари

Орце Костов

Приведен маж кој се самозадоволувал на селски пат

Битиќи и Лукаревска на Бизнис форум во Валандово: Заедно се справуваме со предизвиците

А1он

(ВИДЕО) Заев: Костадинов е првиот потврден кандидат за градоначалник од СДСМ за Валандово

Мери Јордановска

Валандовец на Велигден силувал роднина од градот

Жарко Настоски

Во Валандово регистриран првиот заболен од коронавирус

Ана Ололовска