Никнува бугарски клуб во Валандово со претседател Македонец: Мислат дека сум се продал за пари

Од:

За две недели и Валандово ќе добие бугарски културен клуб кој ќе носи име што нема да ги навредува чувствата на македонските граѓани и ќе биде регистриран во Централен регистар согласно новиот Закон за здруженија, дознава „А1он“.

Клубот ќе биде отворен за две до три недели, откако ќе се реновира деловниот простор.

За разлика од „Цар Борис Трети“ во Охрид и од “Иван Михајлов“ во Битола кои се предводени од претседатели или секретари кои се изјасниле како македонски Бугари со бугарска самосвест, тука одговорен на клубот ќе биде Ѓорѓи Петровски, Македонец кој нема бугарска самосвест или бугарски пасош.

Петровски во разговор за „А1он“ рече дека се ангажирал околу отворањето на клубот затоа што едноставно сакал да им помогне на Бугарите во Македонија, а не затоа што се чувствува како македонски Бугарин.

– Немам бугарски корени колку што знам. Живеам сам, а родителите ми се починати. Јас немам чувства дека сум Бугарин и не го правам ова затоа што ми понудиле нешто или за да дојдам до бугарски пасош. Едноставно сака да им помогнам на луѓето затоа што се соочуваат со проблеми тука – рече Петровски за „А1он“.

На прашањето дали има луѓе со бугарска самосвест во Валандово и регионот, Петровски рече дека има, но дека се плашат да кажат поради закани кон нив.

– Има реакции од граѓаните кои не се согласуваат со ова. Јас добивам закани од луѓе кои мислат дека сум се продал за пари – додаде Ѓорѓи Петровски од Валандово.

Би можело да ве интересира

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

Манифестација Меѓународен ден на задруги 2023 во Валандово

ВИДЕО: Млад битолчанец се повреди при обид да симне бугарско знаме

Орце Костов

Обвинение за „шефот“ на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“, ја навредил еврејската заедница во Македонија

Горан Наумовски

МВР го расчисти случајот со претепувањето на копретседателот на бугарскиот клуб во Струга

Љупчо Георгиевски обвинет за ширење омраза: Претседателот на клубот во Битола ги навредил чувствата на Македонците

Орце Костов