Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово

Од:

Валандово мора да биде на сите. На пензионерите. На земјоделците. На децата. На родителите. Бизнисот овде мора да продолжи да дише. Без притисоци, без закани и без репресии. Институциите мора да бидат функционални. А, парите мора да се враќаат назад кај граѓаните, порача синоќа кандидатот за градоначалник на СДСМ, Перо Костадинов од трибината во Валандово.

Костадинов побара поддршка за нов мандат посочувајќи дека продолжувањето на веќе започнатите процеси е од суштинско значење за развојот на општината. Во своето обраќање тој најави нови програми со конкретна финансиска поддршка за граѓаните која ќе се реализира преку општинскиот буџет .

– 10 милиони денари годишно за поддршка на семејни бизниси, 5 милиони денари за спортски клубови, културно-уметнички друштва и граѓански организации, 2 милиони денари за активности на пензионерите, зголемување на субвенцијата за новороденче од 5.000 на 30.000 денари, е само дел од програмата во новиот мандат, рече Костадинов.

Тој презентираше и план за нови капитални инвестиции во урбаниот развој на Валандово и руралните средини: Градски стадион, голем градски парк, базен и балон сала, нова градска библиотека, нови паркинг места и кружни текови, современ систем за управување со отпад, со селекција во секое домаќинство, инфраструктурен напредок и во сите села и населени места во општината.

– Ова ва не се празни ветувања. Ова е продолжување на мисијата и визијата за Валандово. На Валандово какво што заслужува да биде, додаде Костадинов.

Костадинов се осврна на досегашниот тек на кампањата и односот на политичките опоненти.

– Помина речиси половина од кампањата. Од нашите политички опоненти не видовме и не ни беше понуден ниту еден проект ниту една визија за Валандово. Само лични омаловажувања кон мене. Политичари кои биле на сите можни функции и се бореле за сосема други вредности не можат сега да понудат нова визија за Валандово. Истите кои пред 8 години беа спремни да инсталираат рудник овде и да го иселат цело село Казандол и пола Валандово сега не можат а богами и не личи да ветуваат улици или канализации, рече Костадинов.

– Да продолжиме да го градиме Валандово на сите. Ве повикувам да гласате за бројот 5 за нашата советничка листа и да гласате за вашиот градоначалник. Ова е битка за опстојот на Валандово, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“