Водата во Валандово да се користи само како техничка вода, поради присуство на арсен

Од:

Во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен, соопшти денес ЈП „Комунален сервис“ од Валандово. Според информацијата објавена на социјалните медиуми од страна на јавното претпријатие, присуството на арсен во водата за пиење е утврдено во добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје.

– Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање на нови резултати кои ќе ја потврдат нејзина исправност. Водата може да се користи исклучиво како техничка вода. ЈП „Комунален сервис“ – Валандово веќе ги презема сите потребни активности и врши дополнителни анализи и контроли на квалитетот на водата, во соработка со надлежните институции. За сите понатамошни резултати и препораки, јавноста ќе биде навремено известена, се вели во соопштението од валандовското комунално претпријатие.

Оттаму апелираат до граѓаните да се почитуваат дадените препораки до добивање на официјално известување дека водата е безбедна за употреба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат