Мал интерес за земјоделски субвенции во Прилепско

Од:

Земјоделските производители од прилепскиот регион сè помалку се заинтересирани за поднесување пријави за добивање субвенции, велат од подрачното Министерство за земјоделие. И покрај продолжениот рок до 20 септември за поднесување на барањата од страна на Владата, сепак, прилепските земјоделци не покажувале зголемен интерес.

Од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени досега биле примени околу 2700 апликации, а надлежните од подрачното Министерство за земјоделство истакнуваат дека очекувале околу 4500.

Да дојдат што побрзо, затоа што бавно оди тоа исцртување, проверка и внесување на парцелите. Затоа ги замолуваме да дојдат да извршиме проверка и да си аплицираат за добивање на субвенциите – изјави раководителот на подрачното одделение, Костадин Дурланов.

Земјоделците се жалат на потребната огромна документација, а од Министерството, пак, истакнуваат дека се направени измени на одредени мерки со цел олеснување на добивањето на субвенциите во интерес на земјоделците.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он