Македонско-турски бизнис форум

Од:

Стопанска делегација од 15 турски компании од Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени (МУСАИД) од денеска престојува во посета на Македонија.

Целта е воспоставување деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.

Според најавите, за време на посетата на турската делегација, во организација на Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи македонско-турски бизнис  форум.

Планирани се и билатерални разговори помеѓу компании од секторите градежништво и градежни материјали, текстил, млеко и прехрана, туризам, трговија.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски

Македонско-турски бизнис форум

Од:

Можностите за вложување во Македонија се привлечни за странските инвеститори, оценуваат  бизнисмените од Стопанската комора на Бергама, развиен индустриски и земјоделски регион во Турција.

Претставници на 23 турски компании од секторите градежништво, фармација, живинарство, угостителство, производство на маслиново масло и трговија на големо денеска на бизнис форум во Скопје со македонски стопанственици од Сојузот на стопански комори ги анализираа можностите за соработка и потенцијалите за инвестирање.

Според Фикрет Урер, претседател на Стопанската комора на Бергама, веќе се надминуваат последиците од кризата кои ги стопираа или забавија инвестиците. По стабилизрање на состојбите фирмите од Турција повторно ќе имаат можност да инвестираат, но, укажува,  тоа ќе зависи од нивните внатрешни стратегии.

– Македонските можности за инвестирање за странските инвеститори се многу привлечни. Не станува збор само за инвестирање, туку потребен е и соодветен пазар за инвестицијата што ќе се направи. Ако бизнисмените увидат дека нема никаков проблем со пазарот, тогаш нема никаква причина да не се инвестира тука, изјави Урер.

Тој посочи дека македонската бизнис клима  споредено со состојбите од пред 10 години кога бил во посета  на Македонија е подобрена. Со  Македонија сме поврзани историски, имаме многу заеднички врски, слична култура и затоа верувам дека ќе биде полесно да се соработува со Македонија отколку со друга држава, наведе Урер.

Митко Алексов, извршен директор на ССК, оцени дека има потенцијали за соработка во повеќе области, туризмот, земјоделскиот сектор, производството на преработки на храна, градежниот сектор  во делот на изградба на патишта, но  исто така и нискоградба и високоградба,  во сточарството со размена на искуства пред се во живинарството, но исто така и во делот на фармацијата и козметиката.

Алексов нагласи дека е неопходно да се работи на намалување на трговскиот дефицит на македонска страна и да се искористат потенцијалите за соработка што постојат во повеќе сектори.

Трговската размена меѓу Македонија и Турција изнесува околу 400 милиони долари, при што македонскиот извоз на турскиот пазар изнесува 80 милиони долари, а увозот на турски производи 320 милиони долари.

Според Алексов, односот помеѓу  увозот и извозот  на Македонија и  Турција мора да биде поизбалансиран и на тој начин да се воспостават подобри и поцврсти деловни односи помеѓу компаниите од двете држави.

– Сојузот на  стопански комори смета дека  тоа мора да го промениме и затоа инсистираме на средби со турски бизнисмени, како  денешната со Стопанската комора на Бергама, развиен индустриски и земјоделски регион, со кој сметаме дека може да се остварат  конкретни директни соработки не само за македонските компании, туку и за турските, изјави Алексов.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност