Македонско-полски бизнис форум: Интензивирање на економската соработка

Од:

За интензивирање на вкупната економска соработка се заложија денеска македонскиот и полскиот претседател Ѓорге Иванов и Бронислав Комороски на Бизнис форумот што се одржа во Скопје во рамките на официјалната посета на земјата.

Претседателот Иванов истакна дека Република Полска е важен трговски партнер на Република Македонија и во 2012 година беше на листата на 20 земји со кои остваруваме најголем обем на трговска размена. Но, во првите шест месеци од 2013 година Полска веќе не спаѓа во групата на најголеми трговски партнери на Македонија.

– Затоа сме тука денеска да дадеме нов елан на сроаботката, зашто постои реална основа, изјави Иванов.

Интерес за тровска соработка помеѓу полските и македонските компании постои, имајќи го предвид растот на учеството на вкупната размена на Македонија со Полска во структурата на вкупната трговска размена на земјава со светот оваа година. Исто така, додаде тој, има раст и во учеството на увозот од Полска во Македонија во структурата на вкупниот увоз на светот во земјата. Сепак, Иванов потенцира дека треба да се удвојат напорите на институциите и коморите од двете земји, со цел да се овозможат дополнителни услови за унапредување на меѓутрговските односи.

Полскиот претседател Комороски во обраќањето пред македонските и полските бизнисмени истакна дека иако двете земји немаат отворени прашања треба да се интензивира политичката соработка и да се зајакне бизнис соработката.

Комороски исто така  потенцира дека Македонија ја поддржува во евроинтеграциските процеси и оти ги споделува претпристапните искуства со земјата, а особено за прилагодување на законодавството.

Полскиот претседател во Македонија пристигна со бизнис делегација од најголемите полски компании од повеќе индустрии: металургија, одбрана, градежништво, прехранбена индустрија и производство на мебел, кои беа дел од форумот.

На македонско- полскиот бизнис форум се одржаа и Б2В средби помеѓу македонските и полските компании за време на кои македонските компании имаа можност да остварат значајни директни контакти со полските компании и со тоа да започнат успешна деловна соработка.

Бизнис форумот се одржа во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и Министерството за економија на Полска во соработка со стопанските комори.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он