Лукаревска: Повеќе за сите е успешната мерка Мој ДДВ со која вративме над 100 милиони евра кај граѓаните

Од:

„Повеќе за сите и што ја оправда нашата заложба од 2017 година како постулат на нашите социјалдемократски политики е мерката Мој ДДВ со која вративме над 100 милиони евра назад кај граѓаните“, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на вечерашната трибина „Повеќе за сите“ во скопски Аеродром.

„540 илјади корисници, граѓани кои редовно скенираат фискални сметки се најсилна потврда за успешноста и значајноста на оваа мерка. Од една страна враќаме пари кај граѓаните, а од друга се бориме против сивата економија. Ќе продолжам да се борам и понатаму, оваа мерка да биде најдоброто нешто од сите мерки коишто досега сме ги реализирале“, рече Лукаревска.

Во новата програма којашто ја пишуваме и која знам дека ќе биде најдобра, победничка програма ќе одиме уште еден чекор напред за оваа мерка, затоа што граѓаните заслужуваат повеќе.

„Програма на СДСМ има реализација од 90%. Ја пишуваме и новата победничка програма на СДСМ за изборите 2024 година. Можам да најавам дека лимитот за поврат на ДДВ дополнително ќе го зголемиме, максимално можно, затоа што и во новата програмата на пиедестал го ставаме граѓанинот кој со СДСМ добива повеќе“, рече Лукаревска.

Ако во времето на ДПМНЕ редовноста на повратот на ДДВ иако беше законска обврска не се враќаше, ние редовно ги враќаме, над 40 милијарди денари годишно, редовноста на повратот ја имаме зголемено за 76,5%, додаде таа.

На нашата економија и е потребна стабилна политика и европска иднина, блокадите на ДПМНЕ наштетуваат и на економијата, децидна беше Лукаревска.

„Блокадата на европскиот пат има име и презиме, тоа е ДПМНЕ. Но радосна вест за државата никогаш не била радосна вест за опозицијата, она е заглавена во нивната деструкција, блокада на државата. Затоа ќе бидат поразени на претседателските и парламентарните избори“, рече заменик претседателката Лукаревска.

Би можело да ве интересира

Лукаревска: Слободата и демократијата што ја имаме и живееме во изминатите седум години имаат своја цена

Горан Наумовски

Лукаревска oд Женскиот марш: СДСМ направи вистински чекори кон родова еднаквост и поголема вклученост на жените во општеството

А1он

Лукаревска: Жестоко ќе реагираме на секоја навреда, непримерен збор и потценувачки гест кон секоја жена од која било партија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Лукаревска од трибината во Куманово: Повеќе за сите е нашиот концепт за европска држава

Лукаревска: ДПМНЕ се кочничари на државата, тоа е нотирано во Извештајот на ЕК