Лукаревска: ДПМНЕ се кочничари на државата, тоа е нотирано во Извештајот на ЕК

Од:

Кога ДПМНЕ беше власт „Заробена држава“ ни беше името во Извештај на Европската комисија а последниот Извштај негативните оценки во добар дел се донесуваат на нив како кочничари на реформите, рече денеска заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибината „Резултати што прават разлика“ во Струмица.

-Не така одамна, „Заробена држава“ ни беше името во еден Извештај на Европската комисија. Тогаш кога ВМРО ДПМНЕ беше власт, кога се шепотеше, кога се молчеше за платите, за пензиите, за сите неправди. Граѓаните со страв и сила беа замолкнувани. Тоа важно е да не се заборави, зашто волкот не станува јагне. Последниот Извештај на Европската комисија, еден добар дел од негативните оценки, се однесува на нив како сегашни или поранешни кочничари на реформите и креатори на политиката на одалечување од ЕУ. ДПМНЕ се кочничари на државата, рече Лукаревска.

Уставните измени, се важен предуслов на нашиот европски пат а ДПМНЕ ги кочат, со лажен патриотизам ја кочат државата за повторно да ја заробат, додаде таа.

-Како што лажеа, па се свестија дека лажат дека ќе го укинат Преспанскиот договор ако пак ја дофателе власта. Ама нема да ја дофатат зашто во нивни раце зборот власт има друго значење, потенцираше Лукаревска.

Зборувајќи за наводите на Европската комисија во Извештајот, Лукаревска рече дека е искрен и правичен, дека на нотираните слабости мора да се работи, реформите да продолжат.

-Знаеме кои домашни работи треба да ги завршиме, како што знаеме и дека како ќе напредуваме кон ЕУ, така извештаите ќе бидат поискрени. Ние сме во скрининг-процесот и низ преговарачкиот процес , низ поглавјата, секако дека реформите ќе мора да бидат спроведени и да се постигнат европските стандарди. Затоа е битно членството во ЕУ, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибината „Резултати што прават разлика“ денеска во Струмица.

Би можело да ве интересира

Лукаревска од Кочани: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Лукаревска: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

Горан Наумовски

Лукаревска: Слободата и демократијата што ја имаме и живееме во изминатите седум години имаат своја цена

Горан Наумовски

Лукаревска: Имаме јасен план за модернизација и на образованието и на здравството

Лукаревска: Од целосно заборавени, домашните претпријатија ги поддржавме со 100 милиони евра, ќе ја дуплираме поддршката