Косово и Албанија во мај ќе го укинат роамингот

Од:

Косовскиот вицепремиер и национален координатор на владите на Косово и Албанија, Фатмир Лимај најави дека тарифите на мобилната телефонија за роаминг меѓу двете земи ќе се укинат во месец мај оваа година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лимај за Радио Слободна Европа (РСЕ) на албански јазик изјави дека укинувањето на роамингот, како и повеќе други билатерални договори меѓу Косово и Албанија, се „на добар пат да се реализирааат“.

– Ние како Косово сме подготвени веднаш да го спроведем роамингот, но верувам дека и Тирана многу наскоро, со одлука на Владата и на Парламентот ќе ја донесе таа одлука, а потоа ќе се реши и прашањето на возачките дозволи, кое е веќе речиси затворено. Во однос на прашањето на слободно движење на граѓаните, треба да бидеме внимателни, почитувајќи ги обврските кои двете земји ги имаме кон Европската унија, изјави Лимај.

Косовското Собрание во јуни минатата година изгласа резолуција за укинување на роамингот со Албанија.

Во меѓувреме, објави РСЕ, и ЕУ побара од земјите на Западен Балкан укинување на таа тарифа, како форма на олеснување на комуникацијата меѓу граѓаните на регионот.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река