Колева: Рекордна искористеност на ИПАРД Програмата, нови 97 милиони евра преку ИПАРД 3

Од:

Со одговорниот и домаќински пристап на институциите предводени од СДСМ, успевавме Македонија да ја направивме земја лидер по искористеност на средствата од ИПАРД Програмата рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Даниела Колева.

– Владата предводена од СДСМ во период од 2017 до 2022 година има склучено 2.363 договори со финансиска поддршка од 80 милиони евра од кои 60 милиони се од Европската Унија преку ИПАРД 2 Програмата, а 20 милиони евра се национално кофинансирање. За ИПАРД 3, ЕУ на нашата земја ѝ одобри 97 милиони евра, додека заедно со кофинансирањето од државата и апликантите, вкупната вредност на Програмата ИПАРД 3 достигнува 210 милиони евра, средства кои треба да се реализираат во следните 7 години. За дополнително да се зголеми интересот и реализацијата на проекти, со новата ИПАРД 3 Програма предвидуваме можност за авансна исплата до 50% од финансиската поддршка. Она што треба да се напомене е дека ова се неповратни пари, тоа не е задолжување на нашите граѓани, тие пари на ЕУ не треба да ѝ ги вратиме, а со нив ќе се финансираат проекти во земјоделството, во инфраструктурата, во нови работни места и локален економски развој вели Колева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костовски: Со СДСМ, за само неколку години од заробена држава станавме земја фактор на стабилност во регионот

Ана Ололовска

СДСМ: Со Ковачевски земјава стана фактор на стабилност на Балканот

Ана Ололовска

Петрушевски: Искусни медицински сестри од болницата во Куманово набркани на улица за на нивно место да се вработат кадри на ДУИ

Катерина Павлова-Николовска

Кузеска: Со СДСМ неколку пати поголеми плати и пензии од времето на ВМРО-ДПМНЕ

Каевски: Платите и пензиите растат, цените на основните продукти паѓаат

СДСМ: Ги охрабруваме надлежните институции во целост да го расчистат случајот со приведеното лице вработено во ООУ Александар Македонски

Катерина Павлова-Николовска