Кипарските банки во Грција денеска продолжуваат со работа

Од:

Филијалите на кипарските банки во Грција денеска ќе ги отворат своите врати, откако вчера беше потпишан договор во вредност од 524 милиони евра за нивно преземање од страна на грчката „Пиреус Банка“.

Во соопштението на Грчката централна банка се наведува дека договорот ја гарантира стабилноста на банкарскиот систем, помага за надминување на финансиската криза на Кипар и обезбедува гаранции за штедачите, клиентите и вработените од преземените филијали на трите кипарски банки во Грција – „Кипарската народна банка“, „Банката на Кипар“ и „Грчката банка“.

Трансферот на кипарските банки, кои покриваат 10% од банкарскиот пазар во Грција, е предвиден со договор за спан на Кипар, со цел да се избегне масовното повлекување пари од штедни влогови во Грција и да се ограничи кревкиот банкарски сектор на островот.

– Банкарскиот систем на Грција е апсолутно „херметизиран“ по оваа зделка, истакна грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески