Јункер ја исклучи можноста за излез на Грција од еврозоната

Од:

Можноста за излез на Грција од еврозоната е исклучена, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.

– ЕК се придржува кон својата позиција дека Грција никогаш нема да ја напушти еврозоната. Никој од оние кои имаат политичка одговорност во Европа не подготвува сценарија за излез на Атина од монетарната унија. Оваа земја е членка на еврозоната и таква ќе остане, истакна Јункер.

Тој повтори дека Грците треба да се придржуваат кон обврските и да продолжат со спроведување на реформите.

На 20 февруари на седницата на Еврогрупата беше постигнат договор за четири месечно продолжување на вториот спасувачки план за Грција. За тој период Грција и Еврогрупата, со учество на ЕЦБ и ММФ, треба да усогласат нов план за финансиска помош на Атина.

Во интервјуто Јункер ги повикува „сите“ земји од ЕУ да покажат разбирање кон сериозноста на социјалната ситуација во Грција.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески