Јанакиески: Aеродромот на вода ќе ги запази сите стандарди

Доколку има интерес и Владата најде стратешки партнер за проектот хидроаеродром ќе бидат запазени сите европски и еколошки стандарди. Целта е привлекување што поголем број туристи.

Тоа го изјави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кометирајќи ги реакциите за проектот хидроаеродром, за којшто вчера Министерството за транспорт и врски распиша повик за покажување интерес од компаниите.

– Сакам да истакнам дека воопшто не се работи за изградба на писта на Охидското Езеро. Имаше такви шпекулации пред се за дневно политички цели. Се работи за аеродром, што ќе биде означен, и ќе се овозможи на хидро авиони да слетуваат и да полетуваат од Охридското Езеро. Ова е права фаза во која утврдуваме дали има компанија во светот што ќе биде заинтересирана за ваква инвестиција, рече Јанакеиски.

Доколку има интерес ќе се подготвува студија и, како што рече, поставувањето ваков аеродром ќе биде согласно сите стандарди.

– Не случајно во нашиот повик потенциравме дека Охрид е град на УНЕСКо. Одговорно тврдам дека доколку во иднина има интерес и Владата најде стратешки партрнер за изградба на таков аеродром тоа ќе биде согласно сите европски стандарди и ќе бидат запазени сите еколошки стандарди. Воопшто не станува збор за изградба на писта асфалт на Охридското Езеро. Нашата цел со сите чекори што ги правиме да привлечеме што повеќе туристи во Охрид и во целиот регион, појасни министерот за транспорт.

За проектот, додаде, ќе треба да се усогласат односите со ТАВ како концесионер на аеродромите бидејќи е планирано хидро аердромот да се гради во близина на сегашниот аеродром „Св. Апостол Павле“ за да се искористи опремата на Агенцијата за цивилно воздухопловство и М – НАВ за безбедно полетување и слетување на авионите.

Со барањето од Министерството за транспорт и врски за интерес за учество во изградба на нов аеродром на вода на Охридското Езеро, преку доделување концесија или со договор за јавно – приватно партнерство ќе биде избран партнер кој ќе биде одговорен за имплементација и реализација на проектот. Предвидено е во проектот да биде вклучено финансирање, проектирање, изградба, оперирање и одржување на новиот аеродром на вода. Изјавата за интерес со краток опис на активностите и копии од оперативните и финансиските извештаи од последните три години треба да се достави најдоцна до 10 декември годинава

Би можело да ве интересира

Охрид нема да ги врати ингеренциите, туку дивоградбите ќе ги руши заедно со Владата

Татјана Ташкова

Државата ќе урива во Охрид, оти градоначалникот не може да се справи со дивоградбите

Кристијан Ландов

Заев: Немам добиено писмо од Мерко

Кристијан Ландов

Охридскиот инспектор го излажал Обвинителството дека објектот на Усеини е привремено поставен

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали локалната власт и градоначалникот кривично ќе го гонат советникот Нефи Усеин?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев до Усеини: Апелирам сам да си ја урнеш дивоградбата

Кристијан Ландов

3 comments

vlado 15/11/2012 - 15:32 at 15:32

i ovoj so go imame na zemja sletuvaat celi dva aviona nedelno,kolku li ke sletuvaat na ovoj

Reply
Bobi 15/11/2012 - 20:33 at 20:33

Najgolema glupst sto sum ja slusnal do sega, nedaj boze da ja vidam.Ostajte go ezeroto vo prirodana funkcija kakvo sto e sega a za privlekuvanje na turisti ima drugi metodi.

Reply
mkd1 15/11/2012 - 21:54 at 21:54

Ovie resile se da unistat.Uste ova falese,biser do biser.

Reply

Leave a Comment

nine − eight =