Јаќимовски: За градежни дозволи се чека и до 220 денови, законскиот рок е 25 дена

Од:

Наместо 25 дена колку што е законскиот рок за градежна дозвола од општините се чека 220 денови, истакна Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија на денешната средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Јаќимовски апелираше општините да ги почитуваат роковите предвидени во законите за градење и за урбанистичко и просторно планирање, градоначалницте да ги контролираат секторите за урбанизам, а Министерството за транспорт и врски како надлежно доколку има потреба и да ги одземе ингеренциите.

Роковите се пролнгирани двапати, трипати, петпати… од тоа што е законски предвидено, нагласи Јаќимовски, не прецизирајќи во кои општини има таква пракса. Реализацијата е сведена на минимум. Секој согласно со Законот за градење да се придржува во определените рокови, наведе Јаќимовси.

Во 2020 година, посочи, треба да се дозволи приватниот сектор да може да инвестира со цел придвижување на градежништвото, а со тоа и зголемување на економскиот раст. За да функционира бизнисот треба да се донесат укинатите ДУП-ови, да се повлечат мораториумите за градење во скопската општина Центар и во Охрид, како и се што е пречка.

– Во Законот за градење имаме јасно дефинирани рокови. При издавање електронско одобрени роковите се точно дефинирани. Во рок од 25 дена треба да се издаде одобрение доколку барателот, независно дали е компанија или физичко лице ги исполнува условите. Сега имаме пракса во 2019 година каде што роковите се пролонгираат 220 дена, а не 20 дена. Ова е апел до сите општини да си ја сфатат работата многу сериозно затоа што системот за е-одобренија е направен многу добро и точно се следи секој чекор со рокови колку дена каде предметот може да стои. Не може во десниот агол од прозорецот кај тој што е референт во општината постојано да стои црвено и за тоа да не се реагира. Тоа не смее да се дозволи, порача Јаќимовски.

Во делот на нискоградбата генерална оценка за годинава е дека има одредена реализација, таму каде што како инвеститор се јавува државата, во реализација на инфраструктурни проекти во делот на гасоводна мрежа, патна инфраструктура и слично.

Министерот за транспорт и врски очекува годината да заврши со сериозна реализација на капиталните инвестиции од околу 80 проценти, а во одредени сегменти и до 100 проценти. – Сметам дека согласно со планот и динамиката од изминатите години и согласно со плановите што се прават за наредната година мислам дека таа динамика ќе продолжи и ќе имаме поголема реализација на капиталните инвестиции во наредната година, рече Сугарески.

На средбата во ССК стручните служби на Министерството на бизнисмените од Градежната комора им го презентираа Предлог законот за легализација на дивоградби, што е во собраниска процедура, а за кој, потенцираше Сугарески, последниот збор ќе го има Собранието.

Претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи Горан Јовановски истакна дека со новиот закон се отвора нов фронт за работа на приватните геодети со оглед дека ги подготвуваат геодетските елаборати што се дел од потребната документација за легализација.

– Со новиот закон за легализација на бесправно изградените објекти би се отворил нов фронт за работа за приватната геодетска пракса, но исто времено, би се излегло пресрет на сите граѓани, коишто од различни причини ги пропуштиле претходните рокови за поднесување на барања за легализација. Комората на трговски друштва за геодетски работи треба да биде информирана и консултирана за законските измени со цел како професионалци во струката да имаме можност да дадеме придоенс во што поефикасно донесување и спроведување на законската регулатива, рече Јовановски.

Со предложениот закон за легализација се опфатени дивоградби изградени до 1 октомври годинава, со исклучок на тераси, доградби и надградби во станбени згради, како и заштитените области во Охридскиот регион согласно со препораките од УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска