Извлечен првиот добитник на една од двете најголеми награди од три милиони денари во МојДДВ, #МојаНаграда

Од:

Околу 42 милиона сметки што ги скенирале 216 илјади граѓани учествуваа во јавното извлекување на главната награда на МојДДВ #MојаНаграда од три милиони денари, а најсреќниот добитник е Дејан Петков од Штип.

Досега, како што соопштуваат од Министерството за финансии, во три кола се извлечени вкупно 45 награди од по 100 илјади денари, а следуваат уште деветмесечни извлекувања од по 15 награди секој месец по 100 илјади денари и уште една главна награда од три милиони денари.

Најмногу сметки на дневно ниво биле скенирани на 6 март и тоа 717 илјади сметки, при што бил остварен промет од 304 милиони денари, за што е наплатен ДДВ од 32,5 милиони денари. За скенираните сметки само од овој ден граѓаните ќе добијат поврат од 878 илјади денари.

Вкупно од 1 јануари до 16 март годинава, од скенирани сметки е остварен промет од 19 милијарди денари, при што е наплатен данок на додадена вредност од две милијарди денари, за што граѓаните ќе добијат поврат од 303 милиони денари.

-Сите учесници во наградната игра МојДДВ #МојаНаграда не само што имаат можност да добијат една од 3.852-те парични награди, со вкупен фонд од половина милион евра, туку и на секои три месеци добиваат поврат на ДДВ. Но најважното е што сите тие на тој начин придонесуваат во борбата против сивата економија, наведуваат од Минитерството за финансии.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

Деновиве ќе почне исплатата на „Мој ДДВ“

A1on

Со „Мој ДДВ“ за четири години кај граѓаните се вратени 6.6 милијарди денари или 107, 5 милиони евра

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена на повисокиот лимит по корисник

Катерина Ѓуровски

Со одлука на пратениците, граѓаните ќе може да заработат плус 300 денари од скенирање сметки

A1on