Хрватски фирми бегаат во БиХ

Од:

По влезот на Хрватска во ЕУ, хрватските фирми се повеќе покажуваа интерес за отворање погони во Босна и Херцеговина, поради успешно опстојување на пазарот во земјите кои имаат договор за слободна трговија (ЦЕФТА).

Интерес за вложување во Босна, освен компанијата „Гавриловиќ“, покажале и „Подравка“, „Дукат“ и уште некои компании.

Компанијата „Гавриловиќ“ најави дека дел од своето производство ќе го премести во Босна, поради поскапувањата, за да не загуби пазарот во земјите на ЦЕФТА.

Како што велат од министерството за надворешна трговија и економски односи во БиХ, поголеми вложувања во Босна од хрватските произведувачи на храна се очекуваат и поради цврстиот став на делегацијата на БиХ, во актуелните преговори за т.н дополнителен протокол со ЕУ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик