Хан: ЕУ се надева на договор за заеднички пазар на Западен Балкан

Од:

Европската унија се надева дека лидерите од државите од Западен Балкан на Самитот во Италија на 12 јули ќе постигнат договор за формирање заеднички регионален пазар, што може да „зажиовее“ во рок од една година, изјави денеска европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.

Хан објасни дека заедничкиот пазар на земјите од Западен Балкан може да придонесе за надминување на трговските бариери, да воспостави стандардизирани правила за работа и да ги отстрани пречки за работење ширум регионот, како што е предвидено со постоечкиот регионален договор за слободна трговија ЦЕФТА.

– Се надеваме дека тоа ќе биде одобрено на самитот во Трст. Со политичка волја тоа може да го направиле за една година, додаде Хан.

Тој најави дека Европската комисија ќе го помогне ваквиот процес.

– Тоа е обид да се создаде позитивна атмосфера на Балканот и да се создадат нови бизнис моожности, Тоа треба да биде остварливо, нагласи европскиот комесар.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски