Груевски: Се обидуваме да се договориме со Косово, можни се сите опции

Од:

Мерката што ја презема Косово е еднострано насочена кон Македонија. Ние во текот на денешниот ден се обидуваме преку разговори да ги нормализираме нештата, а доколку во тоа не успееме можни се сите опции, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Тој додаде дека мерката што Македонија ја воведе за условен увоз на брашно не е насочена кон една држава, туку кон сите земји членки на ЦЕФТА и е во согласност со нејзината регулатива, за стабилизација на пазарот. Косово, рече, е единствената земја која реагира на ваков начин, иако мерката не се однесува само кон неа.

– Мерката не е само кон Косово и ниту една друга не реагира како што тоа го прави Косово и тоа без претходна најава. Мерката од наша страна не е некому да се направи штета туку да се овозможи стабилизација на пазарот. Ќе биде укината тогаш кога ќе биде постигната стабилизација на пазарот, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Косово пред два дена воведе мерка за забрана на увоз за производи од Македонија – храна, тутун и вино и алкохол, со образложение дека тоа е поради условениот увоз на брашно од страна на Македонија.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески