Грција се надева на договор со кредиторите до крајот на април

Од:

Грчката Влада изразува оптимизам дека до крајот на овој месец ќе постигне договор со кредиторите за условите за исплата на последната транша од помошта во износ од 7,2 милијарди евра, јави ДПА.

Попладнево во Париз грчки владини претставници ќе се сретнат со делегација на кредиторите – ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монтарен фонд во обид за постигнување договор во пресрет на средбата на министрите за финансии на еврозоната, закажана за 24 април во Рига.

Првично денешната средба беше најавена за во Брисел, но како што соопшти претставник на Европската комисија, таа е префрлена во Париз поради „логистички причини“.

Според германската агнеција, во Атина преовладува оптимизам дека сепак ќе биде постигнат задоволителен договор.

– Европа научи да преживува со несогласувања и да се движи напред, изјави за ДПА висок претставник на Владата во Атина, кој побарал анонимност.

Но, од друга страна германскиот министер за финансии Волганг Шојбле од Вашингтон порача дека не треба да се има големи очекувања за напредок во преговорите.

–  Нема ништо ново. Не сум ни сигурен дека ќе имаме нешто ново до средбата следната недела во Рига, рече Шојбле.

На денешната средба во Париз, Грција и нејзините кредитори ќе ја разгледаат листата на реформи што Атина треба да ги спроведе за да и биде исплатена последната транша од помошта.

Според извори во Европската комисија, средбата во Париз би можела да трае и „повеќе од еден ден“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески