Грциja побара финансиска поддршка oд еврозоната, а таа од неа бара да побрза со реформите

Од:

Грција од еврозоната повторно побара финансиска помош за да го избегне банкротот, но оттаму и е посочено во следните шест дена да изготви подобар список со економски реформи, соопшти денеска претставник на ЕУ.

Како што јавија британските медиуми, на синоќешната средба на заменик министрите за финансии, Атина побарала поддршка за ликвидноста, но и било одговорено дека прво треба да покаже напредок по првично изготвениот список со мерки за подобрување на нејзината финансиска состојба на државно ниво.

Од грчка страна имаше јасна порака дека ликвидноста во земјата значително се влошува и беше упатена молба за доделување некаков вид ликвидна поддршка пред средбата на министрите за финансии од еврозоната, закажана за 24 април, соопшти претставник на монетарната унија.

– Никој не знае како тоа може да се изведе, бидејќи нема волја да се даде поддршката пред да има напредок во однос на програмата за реформи, посочи тој.

Европските претставници забележаа дека експертите од еврозоната не се убедени во лошата состојба на ликвидните позиции, како што ги опишува самата Атина, а некои, пак, се сомневаат дека е тоа обид да се изврши заплашување на кредиторите за да доделат нови средства.

Грчките кредотори се решени да ги бараат реформите, кои левичарската Влада на премиерот Алексис Ципрас не сака да ги спроведе заради социјалните проблеми во земјата.

Во моментов има само мало подобрување во техничката соработка меѓу Грција и кредиторите, но напредокот за соддржината на реформите е мал.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе